Пендаровски: Вон памет се уставни измени и било каков нов договор со Бугарија покрај веќе постоечкиот

„Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот договор за соработка и добрососедство помеѓу двете држави или некој амандман на тој договор. Тоа што сме потпишале и ние и тие треба да го реализираме“, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, во „Топ Тема“ на „Телма“, откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, сподели наводна информација дека шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на својот македонски колега Бујар Османи му предложила/побарала потпишување на нов договор по терк на Преспанскиот, кој ќе предвидува уставни измени.

Пендаровски истакна дека тој ваква информација нема, иако во два наврати телефонски разговарал со министерот Бујар Османи по неговото враќање од посетата на Софија. Некаков сет на предлози, со кои би прифатиле дека македонската нација и јазик постојат од 1945 година, Османи не му спомнал, вели претседателот.

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците

Пендаровски, покрај тоа дека ни на крај памет не им е да прават уставни измени, додаде и дека Договорот со Бугарија нема потреба од било какви анекси, туку дека едноставно Македонија треба да го прифати минатото, а Бугарија да ја прифати реалноста.

 

- Реклама -