Пензионерите користат ’Месинџер‘

penzionerИ покрај тоа што во одлуката на Владата стоеше дека на компјутерите во бесплатните Интернет-кафеа ќе можат да „сурфаат“ само пензионери и помлади од 26 години, тоа се' уште не се применува. На влегување никој не бара документ за идентификација и ако има слободно место, може да користи компјутер без ограничување на времето. Во ова Интернет-кафе има нешто што не е вообичаено за другите компјутерски центри – овде има пензионери. „Наутро доаѓа една повозрасна госпоѓа која научила да користи ’Месинџер‘. Жената си се допишува преку Интернет. Во почетокот и' треба помош да се снајде, но потоа може сама“, вели Радмила Павловска. [Линк]

- Реклама -