Пера Палас Хотел – парче од историјата

Хотелот Пера Палас претставува хотел со специјална категорија, а воедно и музеј, кој се наоѓа во областа Бејоглу (Пера) во Истанбул. Овој хотел бил подигнат во далечната 1892 година, за да ги угости патниците од прочуениот Ориент Експрес.

2

Хотелот Пера Палас ја носи титулата „Најстариот европски хотел во Турција“. Изграден е во Тепебаши маало во Пера, порано познато како Мала Европа. Се наоѓа на само 20 километри од аеродромот Ататурк и на неколку минути пешачење од неколку конзулати на европските земји. Денес, хотелот Пера Палас е едно од најзначајните културни обележја на „Главниот град на светот“.

B

Хотелот започнал да се гради во 1892 година, а свечениот бал за отварање бил одржан во 1895 година. Го дизајнирал францускиот архитект Александер Валори, којшто живеел во градот и кој, исто така, ги дизајнирал: Главната зграда на Отоманската банка и Археолошкиот музеј на Истанбул. Зградата на хотелот била прва во Истанбул во која имало електрична енергија, покрај отоманските сараи; единствена градба во која имало топла вода и дом на првиот електричен лифт во Истанбул.

Пера Палас Хотел - парче од историјата
Собата на Агата Кристи

Неокласичната зграда на хотелот Пера Палас денес е заштитена од турските закони како дел од националното културно наследство. Собата Ататурк 101 е најголемата атракција и претставува постојана музејска поставка во која се изложени бројни предмети од таткото на нацијата, Мустафа Кемал Ататурк. Агата Кристи го напишала својот познат роман „Убиство на Ориент Експрес“ додека престојувала во хотелот Пера Палас. Токму затоа, овој хотел денес претставува голема туристичка атракција и е секојдневно посетен од стотици посетители кои сакаат да почувствуваат дел од историјата на Турција.

3 pera-palace-hotel-istanbul-1 pera-palace-hotel-jumeirah-exterior-hero

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -