„Грешите ако нѐ нарекувате газди. Ние работиме повеќе од работниците и едвај опстануваме“, порача Маријана Перковска – претседателка на Текстилниот кластер, во дебата на „Макфакс“, на која соговорник ѝ беше Кристина Ампева – претседателка на граѓанското здружение „Гласен текстилец“, откако во јавноста одекна силна реакција на барањата на текстилните сопственици, кои навидум одат на директна штета на текстилните работници, чии пpaва и онака се загpoзени.
„Ние како кластер ова го бараме и за доброто на индустријата и за доброто на работникот. Седум и полчасовното ефективно работно време со плус 30 минути платена пауза да се замени по примерот на сите европски земји во окружувањето со 8 часа ефективно работно време плус 30 минути платена пауза, што значи вкупно 8 часа и 30 минути. Сегашниот начин на работно време нѐ прави многу понеконкурентни во однос на опкружувањето, а нашиот предлог ќе отвори можност за директно покачување на платите како резултат на подолгото работно време од половина час“, тврди Перковска. Дебатата погледнете ја ТУКА.