Перо Антиќ ќе биде горд Македонец на Oл-Стар викендот

Перо Антиќ се најде меѓу оние кои традиционално настапуваат на Ол – стар викендот, правејќи ги горди сите Македонци ширум светот.

Несомнено, ова е огромен успех за македонската кошарка, бидејќи Антиќ е првиот Македонец кој игра во најсилната лига во светот.

Тој досега има забележано 5,8 поени и 3,4 скокови во просек на натпревар.

– Горд сум што ќе ја претставувам Атланта, но и својата земја во Њу Орлеанс. Би сакал да им се заблагодарам на своите соиграчи, стручниот штаб и управата на Атланта, порача Антиќ преку социјалните мрежи.

Ол Стар викендот ќе се случува од 14-16 февруари во Њу Орлеанс.

- Реклама -