Песков: Без оглед на исходот во Украина, нуклеарно оружје ќе употребиме само ако постоењето на Русија е загрозено

Москва, 29 март 2022 (МИА) – Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, во интервју за американската PBS, изјави дека Русија ќе посегне по кон нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина.

„Имаме безбедносен концепт што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да употребиме – и ние навистина ќе употребиме – нуклеарно оружје за да ја елиминираме заканата за постоењето на нашата земја“, посочи Песков.

Тој додаде дека каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба за нуклеарно оружје“.

Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна

Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, за тоа одлучува народот на Русија на избори, посочи Песков.

- Реклама -