Песков: Од санкциите на ЕУ за руските дијаманти ќе страдаат самите Европејци

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, говорејќи за можноста Европската унија да го забрани увозот на руски дијаманти, денеска оцени дека санкциите на ЕУ имаат тенденција да предизвикаат „ефект на бумеранг“.

Русија е најголемиот светски производител на необработени дијаманти, потсети Песков во разговор со новинарите и изјави дека таков потег на ЕУ се очекувал долго време, но оти најверојатно ќе се врати во ЕУ како бумеранг.

„Како по правило, ќе испадне дека е делумно активиран бумеранг ефект: ќе страдаат интересите на самите Европејци. Досега успеавме да најдеме начини да ги намалиме негативните последици од санкциите“, рече тој.

Дипломатски извори во ЕУ минатата недела потврдија дека на маса е предлог за забрана на директен увоз на дијаманти од Русија од 1 јануари 2024 година, а од март треба да се имплементираат механизми за мониторинг за да се спречи увоз на руски дијаманти преработени во трети земји.

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата

МИА

- Реклама -