Песков: Русија се согласува да нема замрзнување на конфликтот во Украина

Русија се согласува со Западот дека украинската војна не треба да прерасне во замрзнат конфликт и ќе продолжи да ги остварува своите цели во Украина, изјави за Тасс портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето дали Русија го дели мислењето на Западот дека не треба да се дозволи воениот конфликт во Украина да замрзне, тој одговори дека Русија го поддржува тоа.

Песков кажа дека Русија ги разгледува само опциите за завршување на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина, и таа да ги обезбеди своите интереси и да ги постигне своите цели или за време на специјалната воена операција или со други достапни средства.

Прочитајте и:  Пентагон: Нема знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

Портпаролот на Кремљ нагласи дека е премногу рано да одговори кој од предложените патокази би бил пожелен за Русија, а, исто така, не сакаше да коментира дали Москва има свој план за примирје.

„Рано е да се зборува за тоа. Очигледно се уште нема предуслови за мировниот процес. Специјалната воена операција продолжува“, рече Песков.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно најави дека мировните преговори за завршување на војната во Украина не треба да бидат насочени кон замрзнување на конфликтот, а слично мислење изразија и другите западни лидери, како и властите во Киев.

МИА

- Реклама -