Песков: САД не се најдобрата дестинација за патување на рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин нема да отпатува на претстојната седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк, бидејќи, наведува портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, САД не се најдобрата дестинација за патување на рускиот лидер.

-Путин не патуваше во последните години. А САД, инаку земја која не ги исполнува на најдобар начин своите обврски, како земја во која се наоѓа седиштето на ОН, засега не е најдобрата дестинација за патување, рече Песков, пренесен од руските медиуми.

Путин претходно го одобри составот на руската делегација од десет лица кои ќе учествуваат на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи на 22 и 23 септември во Њујорк.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина

Делегацијата ќе ја предводи шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

- Реклама -