Песков за посетата на Зеленски на Херсон: „Тоа е територија на Русија“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска не ја коментираше веста за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на украинскиот град Херсон, кој неодамна беше напуштен од руските сили.

„Без коментар. Знаете дека тоа е територија на Руската Федерација“, одговори Песков на новинарско прашање како Кремљ ја оценува посетата на Зеленски на Херсон.

Зеленски пак, деновиве неколку пати порача дека сцените од Херсон (оние во кои Украинците со овации, прегратки и украинската химна ги дочекуваат украинските сили) во иднина ќе се случуваат и во сите градови на Украина, вклучително и на Крим.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина
- Реклама -