Песков: Западот ќе зажали

Односите меѓу Русија и САД се на историски најниската точка и нема надеж за нивно подобрување, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Билатералните односи сега, за жал, се веројатно на историски најниска точка и нема надеж за подобрување во догледна иднина“, рече Песков.

Според него, се забележува засилување на конфликтот во Украина, а Западот е посветен на заблудата дека Киев може да постигне успех на бојното поле.

„Конфликтот навистина се развива во нагорна линија. Гледаме зголемено индиректно, а понекогаш и директно вклучување на земјите од НАТО во овој конфликт“, рече Песков.

Тој додаде дека Западот ќе зажали за оваа драматична грешка.

Портпаролот на Кремљ смета дека не треба да се преувеличува важноста од можната испорака на тенкови на НАТО во Киев.

Прочитајте и:  Блинкен: Продолжуваме да ја зголемуваме помошта за Украина, таа се бори за принципите на мирот и стабилноста - за сите нас

МИА

- Реклама -