Пет квалитети на мажите кои се неодоливи на жените

Има причина зошто ве привлекуваат одредени луѓе. Една од тие причини е дали тоа лице е мажествен или феминизиран.
Ние сме силно сексуално привлекувани од луѓе кои имаат спротивна сексуална енергија од нашата. Ова не е машко-женска работа (може да биде човек кој е идентификуван како поженствен, и обратно); тоа повеќе за енергијата и есенцијата.

Што ова значи е дека карактеристиките кои го прават човекот јасно мажествен се особините кои ги привлекуваат жените најмогу.

Еве пет јасни мажествени особини на кои жените неможат да оддолеат:

1. Присутност

Има нешто во човекот кој е присутен што го прави неодолив за секоја жена. Тоа е вистина.
Кога ќе се каже присутен, се мисли на вашата способност да се биде свесно поврзан сега и овде. Жената може да го почуствува вашето присуство додека ја слушате. Таа може да го почуствува вашата присутност додека сте длабоко внесени во задача која е важна за вас. Таа може да го почуствува вашето присутно однесување без да бидете свесни за тоа.

Присуството е пракса. Тоа е нешто во што можете да станете подобри. Во време кога сме во епидемија да не бидеме присутни, наоѓаме многу начини да ни го одвечат вниманието преку целиот ден. Но ако сакате да научите да бидете повеќе присутен, можете! Најлесниот начин е да започнете со медитација, која ќе ве истренира да се поврзете со сегашниот момент, сега и овде.

2. Цел

Човек со цел во животот е привлечен.

Вашата цел може да биде безброј нешта. Може да биде да го промените светот. Може да биде да го доведете своето тело до совршенство. Може да биде градење на бизнис или градење на дом. Може да биде креирање уметност, или да бидете најљубезната личност што ја знаете. Не е толку важно која е целта, она што е важно е да имате цел и да сте во процес на откривање на неа. Ако сеуште не сте ја пронашле својата цел, најдобриот начин е да се запрашате во што сте најмогу страсни. Вашата цел обично е споделување на своите страсти со светот.

3. Насокa

Со целта доаѓа насоката. Целта е знаењето што да правите, а насоката е правењето на тоа.

Жените ги привлекуваат мажи кои ги завршуваат работите. Тој има план, и превзема чекори (дури и мали) за да го постигне истиот. Вашата јасна насока прави жените да се чуствуваат безбедно. Ако таа знае дека можете да навигирате самостојно, тогаш таа има повеќе простор да се релаксира во ваше присуство. Таа не мора да ви покажува како да го направите тоа, бидејќи веќе знаете како.(Тоа тие го сакаат)

4. Искреност и доверба

Очигледно е дека довербата и искреноста се важни квалитети во сите врски. Довербата доаѓа однесувајќи се на искрен начин, но дефиницијата оди подалеку од тоа, во смисол: дали жената може да верува дека вие сте искрен со себе?

Една од јасните женски карактеристики е женската интуиција- и со таа интуиција можат на „намирисаат“ лага од далечина. Кога ќе научите да бидете длабоко искрени со себеси (за своите борби, недостатоци, предизвици, сили, сето тоа), тогаш жената ќе го почуствува вашиот интегритет, и ќе ви верува.

5. Хумор

Како што веќе знаете, хуморот е врвот на листата на секоја жена за потенцијален партнер. Но, зошто е така? Затоа што хуморот е способност да го подобрат расположението.

Жените можат да заглават со своите емоции, како со нивната листа за правење работи. Тоа за нив е многу стесно. Ако можете да ја насмеете жената, тоа е портата за среќа. Жените се многу благодарни за вашата способност да додадете радост и светлина во секојдневниот живот.

- Реклама -