Ви претставуваме пет мали трикови за подобар изглед.
1. За долги, погусти и поцврсти трепки идеален трик е употребата на обичното рициново масло кое може да се купи во секоја аптека. Земете четкичката од некоја стара маскара, исчистете ја, и потоа со неа нанесете мала количина од маслото на горните и долните трепки (од коренот и по целата должина) пред спиење. Резултатите се видливи по само 15 дена со редовна употреба. За идеални резултати добра е и нежна масажа со кружни движења во пределот околу очите. Речиси сите креми против брчки и за еластичност на кожата ја содржат оваа состојка.
2. За поубави и полни усни- пред спиење нанесете слој од крема за лице против стареење на кожата на усните. Колагенот ќе дејствува и на усните ќе им даде мазност, и по одреден период ќе влијае и на нивниот обем.
3. За безболно обликување на веѓи- пред да започнете, ставете на веѓите коцки мраз. Кожата ќе се затегне и така ќе се олесни фатот на несаканите влакна со пинцетата, а и болката е намалена како и црвенилото потоа.
4. Доколку имате мрсна/комбинирана кожа, на која исто така и е потребна влажност, нанесете хидратантна крема со витамини на кожата пред спиење. Наутро исчистете го лицето со обичен детски сапун и нанесете крема за матирање на кожата како подлога за шминка.
5. Секогаш депилирајте се навечер. Сите евентуални иритации на кожата ќе поминат низ текот на ноќта. На депилираната област пред спиење измасирајте се со масло за бебиња кое ќе ја спречи сувоста, затегнувањето и осипот на кожата.