Мозокот се буни при помислата на четиридимензионални објекти, бескрајот на вселената и квантната механика – тоа е нормално.
Но сивата супстанција генерално нема проблеми со обработката на сетилата за информации од секојдневните објекти и искуства – со некои исклучоци. LiveScience наведува пет обични нешта кои го збунуваат мозокот, покажувајќи ни ги најчудните негови особености.
1. Вратите
Дали некогаш ви се случило да влезете во собата со одредена цел – на пример да земете нешто – и одеднаш да заборавите зошто сте таму? Излегува дека вратите се виновни.
Психолозите од Универзитетот Нотр Дам откриваат дека преминот низ врати предизвикува своевидна „граница“ во умот, двои еден ред на мисли од следните, со тоа што излегувањето од собата го сигнализира крајот на филмската сцена. Мозокот ги собира мислите од предната соба и отвора нова страница за информациите од следната локација. Таквите своевидни граници обично помагаат да ги организираме мислите и спомените, но кога ќе влеземе во собата и се чудиме зошто сме тргнале, ефектот е спротивен.
2. Некои звуци
Што ве иритира повеќе: алармот наутро, сирените во уличниот метеж или било кој од многуте уреди што сигнализираат дека им завршува батеријата? Сите се ужасни. Овие бип звуци се саундтракот на модерниот свет, но мозокот ги согледува тешко.
Развојот не е придружен со слични звуци и ние се трудиме да ги разбереме. Сигналите сепак се како автомобил кој вози со 100 км / ч и одеднаш се удира во ѕид, наместо полека да се намали и да престане. Овој звук не се менува со времето, не се повлекува, а нашиот мозок погодува што е и од каде доаѓа.
3. Фотографиите
За време на еволуцијата не само што не сме слушале аларми, туку не сме гледале ни слики. Како што бабите може да се научат да го користат интернетот, но не можат да развијат интуција кон него, така ние свесно ги разбираме сликите, но потсвеста не може да ги оддели целосно луѓето и предметите кои се насликани на нив.
Бројни истражувања покажуваат дека луѓето се многу попрецизни, кога играат пикадо врз сликата на Хитлер, отколку по слики на Кенеди, на бебиња или на луѓе кои што ги сакаат. Друго истражување покажува дека многу луѓе почнуваат да се потат обилно кога ќе побараат од нив да ги уништат нивните омилени фотографии од детството. Без милионите години пракса ни е тешко да ја одвоиме сликата од реалноста.
4. Телефоните
Дали некогаш ви се случило да почувствувате како телефонот вибрира во џебот или чантата, само за да го погледнете и да видите празен екран. Ако чувствуваме често такви лажни вибрации, причината етоа што мозокот доаѓа до погрешни заклучоци во обид да го систематизира хаосот од детали што не опкружуваат.
Бомбардирани сме од сетилни податоци, а мозокот треба да филтрира бескорисна бучава и да ги регистрира само најважните сигнали. Во праисторијата постојано сме ги мешале стапчињата на периферијата како змии. Со денешниот техноцентричен став нашиот мозок може да интерпретира сè, од шушкање на облеката до кркорење на желудникот, како сигнал дека добиваме повик или порака.
5. Тркала
Дали сте забележале како тркалата се движат наопаку во филмовите? Тоа е затоа што камерите снимаат ограничен број кадри во една сцена, а мозокот ги исполнува празнините помеѓу нив, создавајќи илузија за продолжено движење. Помеѓу едната и следната рамка тркалото направило повеќе од еден круг, па затоа ни се чини дека тоа се врти наназад.
Слична илузија сепак се случува и во реалноста, што е повеќе чудно. Една од теориите ја објаснува со тоа дека мозокот го гледа движењето како серија од снимки, како кај камерите.