Пет страшни места, за кои што науката нема објаснување

Сите сме слушнале за места на кои што се случуваат многу чудни нешта, кои подоцна стануваат легенди.
Иако по правило истите се предизвик за научниците, сепак и тие немаат објаснувања за мистериозните настани кои се поврзани со овие територии.

Ѓаволското море

Морето на ѓаволот или триаголникот на ѓаволот е област на Тихиот Океан во која се случувале чудни работи, слични како оние во близина на Бермудскиот триаголник. Се наоѓа на брегот на Јапонија, а е место на голем број необјаснети феномени, вклучувајќи и магнетни аномалии, необјаснети светлини и објекти и се разбира, мистериозни исчезнувања.

Една приказна вели дека во 1952 година Јапонската влада испратила истражувачки брод наречен „Каио Мару број 5“ за да ги истражува мистериите на Ѓаволското море. Секако, сите 31 луѓе од бродот не биле никогаш пронајдени.

Ранчот Бигелоу

Ранчот Бигелоу е имот кој се наоѓа во северозападниот дел на Јута, и е дом на голем број сведоштва за НЛО, животински осакатувања и други чудни појави. Иако мистериозните случувања биле документирани уште од 50-те, некои од најбизарните приказни им се случувале на Тери и Гвен Шерман откако го купиле ранчот во 1994 година.

Првиот ден после вселувањето, тие забележале огромен волк на пасиштето. Тие дури и го погалиле волкот бидејќи се чинел кроток. Меѓутоа по кратко време волкот грабнал теле, а кога Шерман пукнал со пиштолот, куршумите немале никаков ефект. Дури и со пушка, волкот немал никаква повреда.

И ова не било крај на чудните работи. Шерман постојано се соочувале со чудни НЛО докази и чудни осакатувања на нивниот добиток. Станало толку лошо што тие одлучиле да го продат ранчот на Роберт Бигелоу во 1996 година кој сакал да ги проучува мистериите околу овој ранч.

Долината Сан Луис

Долината Сан Луис се наоѓа во јужниот дел на Колорадо и е областа богата со необјаснети феномени, вклучувајќи НЛО и стотици необјаснети осакатувања на домашни животни.

НЛО била толку честа глетка што една жена поставила НЛО кула на нејзиниот имот, која била сведок на повеќе од 50 летала.

Освен НЛО доказите, уште позастрашувачки се приказните за осакатувањата на животните во тој регион. Се’ започнало во 1967 година со коњот Снипи. Снипи бил пронајден без мозок, а неговиот врат и коски целосно исчистени. Од тогаш биле пронајдени стотици необјаснети осакатувања на животните, сите со двеа заеднички карактеристики – никогаш не била пронајдена крв околу животните, и второ, сите животни имале прецизни исечоци.

Бенингтонскиот триаголник

Уште еден триаголник. Овој се наоѓа во југозападниот дел на Вермонт, а на ова место се случиле 5 исчезнувања од 1945-1950 година.

Тука исчезнал 75 годишниот Миди Риверс, на 12 ноември 1945. Пола Велден, 18 годишна девојка која пешачела на 1 декември 1946 година и никогаш не се вратила, а не била пронајдена никаква трага. 3 години подоцна, повторно на 1 декември 1949 година, ветеранот Џејмс Тетфорд се враќал од посета кај роднините со автобус. Очевидци го виделе на автобускат станица, меѓутоа кога автобусот пристигнал на дестинацијата, тој не се појавил, а багажот се’уште му бил во автобусот.

На 12 октомври 1950 година исчезнал 8 годишниот Пол Џепсон додека неговата мајка ги хранела прасињата. Момчето никогаш не било пронајдено. Последното исчезнување се случило на 28 октомври 1950 година. Фрида Лангер пешачела со нејзината братучетка на Гластенбери планината кога се слизнала во поток. Таа одлучила да се врати и да ги промени алиштата, меѓутоа од тогаш не се пронашле ни трага и глас од неа. После некое време нејзиното било пронајдено во област целосно пребарана после нејзиното исчезнување.

Триаголникот Бриџватер

Овој триаголник е област во југоисточен Масачусетс, јужно од Бостон.

Ова место се смета за навистина мистериозно започнувајќи од сведоштва за високи, влакнести суштества слични на мајмун како и чудни и огромни птици.

Покрај ова, постојат голем број докази за осакатени животни. Некои луѓе сметаат дека овие осакатувања биле сатански култови, меѓутоа никој не знае од каде дошле животните.

Исто така, триаголникот бил легло на НЛО, кои датираат уште од 1760 година, кога наводно била видена „сфеа на оган“ која лебдела над Нова Англија. Од тогаш постојано се случувале необјаснети работи, вклучувајќи НЛО слетувања, мистериозни црни хеликоптери итн.

Покрај чудните животни кои ги пријавиле посетителите на ова подрачје, забележани се и чудни мутации кај животните. Како крава со две глави, овца со шест нозе, мисирки кои воопшто немале глави и сите тие живееле по неколку години.

- Реклама -