Рокерот Пит Доерти годинава на Канскиот филмски фестивал се појавил во неговиот препознатлив стил, пијан, ексцентричен и дезориентиран. Пејачот во Кан носел црно одело, а како модни додатоци одбрал шише виски и цигара.
Доерти, криејќи ја масната коса под црниот шешир се тетеравел пред присутните, а го држеле двајца телохранители. Потполно изгубен запалил цигара на црвениот тепих, притоа пиејќи виски директно од шишето.
Тој се пофалил дека од Лондон во Кан допатувал без багаж. Ги понел само основните работи, а според него, тоа се цигари, алкохол и една книга.
На годинашниот филмски фестивал се прикажува филмот „Confession Of A Child Of The Century“, во кој 33-годишниот пејач и актер ја толкува главната улога.