До сега, како што сите знаеме, социјалните мрежи беа само добар изговор за споделување на смешни фотки од нашите мачки. Сега, домашните миленичиња имаат своја мрежа.
Дизајниран за да го олесни поврзувањето на сопствениците на миленичиња преку нивните љубимци, корисниците на Petigram ќе можат да се спријателуваат, споделуваат фотографии од своите мачки и кучиња и да следат други луѓе со сличен вкус за животни. Членовите ќе можат и полесно да научат повеќе за расите, да посвојат животни, или едноставно да се восхитуваат на фотографиите (и Фотошоп вештините) на некои од корисниците.
Моделот на Petigram ги комбинира особините на Фејсбук и Твитер, како разгледувањето на туѓи профили, праќање пораки и коментирање на слики, заедно со способностите за споделување и едитирање на Instagram, како креирање на рамки, додавање на филтри и текст во сликите.
Покрај апликацијата, членовите ќе можат да пристапат и преку официјалниот веб-сајт.
Креаторите на Petigram сметаат дека тоа е совршен начин за дружење со други луѓе без стравот дека некои од постовите ќе бидат видени од оние што не би требало да ги видат, како бизнис-контактите и нашите претпоставени.
Моментално, апликацијата е достапна само за iOS мобилните, преку Apple App Store.