Петков: Комисијата за историски прашања со нов ентузијазам и режим на интензивна работа за постигнување реални резултати

Заедничката комисија за историски прашања ќе има нов режим на интензивна работа со договорени три официјални средби во следните четири месеци која ќе работи во контруктивен тон со цел достигнување на реални резултати, изјави денеска премиерот на Бугарија – Кирил Петков, на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски, во Софија.

Тој наведе дека во бугарскиот тим од Историската комисија нема да има кадровски промени.

„Денеска кога секоја од групите ги презентираше резултатите кои треба да ги постигнат и задачите, кај историоската кмисија ние со Димитар забележавме друго ниво на ентузијазам за работа и определување на нов режим за работа. Тоа што ќе имаме три официјални средби за следните четири месеци, плус многу интензивна работа меѓу тие средби, дава друг ритам на работата што треба да се заврши. Тоа што констатиравме денеска за да се заврши работата треба да зборуваат, да се гледаат, да имаат заеднички цели и да имаат конструктивна рамка. Професорите од двете страни кажаа дека се подготвени овој нов начин на работа да се претвори во конструктивен тон. Ние нема да правиме кадровски промени, но тоа што ме израдува е дека Историската комисија е една од работните групи која ќе работи во контруктивен тон и достигнување на реални резултати“, рече Петков, прашан за унапредување на дијалогот на Историската комисија и дали ќе има персонални промени во составот на бугарскиот дел од Комисијата.

На заедничката седница покрај министрите кои ги предводат четирие работни групи од страна на Бугарија и Северна Македонија, присуствуваа и копретседавачите на македонскиот и на бугарскиот тим од Мешовитата мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров.

Заедничката седница следува по минатонеделната официјална посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје кога беше договорено формирање на работни групи од двете страни, кои треба интензивно да работат за надминување на недоразбирањата и за зајакнување на соработката меѓу двете земји.

МИА

- Реклама -