Петмина скопјани под истрага: Ширеле пропаганда на ИСИС преку интернет Канали, се гонат за тероризам

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција започна истражна постапка против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, осомничени за кривичното дело „Терористичка организација“. Оваа постапка е иницирана по кривична пријава доставена од Министерството за внатрешни работи. Случајот произлезе од координирани активности спроведени под раководство на јавниот обвинител, во соработка со Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализација.