Петминутно вежбање во денот за намалување на стресот

Под стрес телото не може да се опушти, а чест симптом е несоницата и со самото тоа пад на имунитетот. Редовното вежбање го смалува стресот и ги ублажува неговите негативни последци, а доволни се пет минути лесни вежби на ден за да би се решиле од негативниот вишок на енергија.

Вежба 1

Станете право и исправете го грбот, подигнете ги рацете над главата и склопете ги. Држете ги рацете во таа положба неколку секунди и спуштете ги до рамениците. Постапката повторете ја девет пати.

Вежба 2

Стојте право и постепено горниот дел поставете го надесно, а рацете кренете ги над главата. Со едната рака фатете го зглобот на другата и истегнете така девет пати. Повторувајте ја поставката така што ќе се наведнувате на лево.

Вежба 3

Раширете ги рацете најмногу што можете и длабоко вдишете, а во моментот кога ќе издишувате соберете ги рацете пред вас. И оваа постапка треба да ја повторите 9 пати.

Вежба 4

Испреплетете ги рацете над главата и истегнете се. Потоа спуштете го предниот дел на телото од главата до колената, со тоа што рацете ќе се над телото. Повторете ја постапката три до девет пати.

Вежба 5

Ставете ја левата рака на срцето, а десната на стомакот и обидете се да си го слушнете телото. Дишете длабоко и опуштете се. Сите овие вежби го зајакнуваат имунитетот, ја подтикнуваат циркулацијата и варењето и делуваат смирувачки.

- Реклама -