Петровска: Пред неколку недели е доставен нов список за воена помош во Украина, Генералштабот го разгледува

Пред неколку недели е доставен новиот список за нова воена помош во Украина кој сè уште е предмет на анализа во Генералштабот на Армијата. Ако можеме да одговориме позитивно списокот веднаш ќе до доставам до Владата и ќе биде усвоен, информира министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа во вечерашното гостување во Сител посочи дека Украина има потреба од секаков вид на опрема.

„Имаат потреба на секаков вид на вооружување заради тоа што во зависност од тоа какви се нивните планови за водење на копнените и водените дејствија таков вид на опрема побаруваат од нас“, посочи министерката.

Додаде дека досега се донирани 12 хеликоптери, за кои рече дека нема да бидат отуѓени сè додека не биде склучен договор и додека не бидат донесени во нашата земја новите осум хеликоптери.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

Истакна дека сè уште не се знае од каде ќе бидат набавени, бидјеќи  се преиспитуваат дел од доставените понуди.

Петровска воедно најави набавка на воени дронови.

„Дронови се дел од најновата технологија која може да се користи меѓу другото и за војување и за заштита и гарантирање на одбраната на една држава. Беше презентирана анализата од Генералштабот на македонската Армија каде се разбира нивните насоки се позитивни, веќе работат на прецизирање каков вид на дронови и во колкав обем треба да бидат набавени и како сите ќе бидат инкорпорирани во нашиот систем. До крајот на ова година очекувам тимот кој е формиран во Министерството за одбрана и во Армијата да излезат со конкретен предлог за набавка за дроновите“, изјави Петровска.

МИА

- Реклама -