SiteAdvisor креирале тест со 10 прашања каде може да познаете phishing обиди со кои некој би ја дознал вашата лозинка и останати информации. Овие измамници го имитираат дизајнот на познати сајтови како MySpace и eBay, и на најмалата грешка при внесувањето на доверливи податоци, нема да се двоумат да го искористат вашето невнимание. Мислите дека сте паметни и можете да ги познаете овие онлајн измами? На 365.com.mk сте сигурни, но да го видиме вашето знаење против нигериските лоши момчиња. [Phishing Quiz]