Пиењето повеќе вода помага при слабеење

водаЕден од најчестите совети за слабеење е: „Пијте повеќе вода, ќе изгубите повеќе килограми“. Но дали дополнителната конзумација на вода навистина влијае врз слабеењето? Науката најпосле ѝ даде тежина на оваа теорија.

Еден од најчестите совети за слабеење е: „Пијте повеќе вода, ќе изгубите повеќе килограми“. Но дали дополнителната конзумација на вода навистина влијае врз слабеењето? Науката најпосле ѝ даде тежина на оваа теорија.

водаПо околу три месеци истражување, група научници дошле до заклучок дека оние екстремно дебели луѓе кои биле ставен на диета и пиеле две чаши вода пред секој оброк изгубиле 2,5 килограми повеќе од оние кај кои конзумацијата на вода била непроменета. Една година подоцна, изгубената тежина не се вратила кај оние кои пиеле повеќе вода.

Во оваа студија биле вклучени само средовечни и постари луѓе, но други студии навестуваат дека пиењето вода е корисно за сите кои сакаат да изгубат тежина, без оглед на возраста. Оваа студија се надоврзува на слична студија од 2008 година според која, постари луѓе кои пиеле две чаши вода пред појадок внесувале 75 калории, односно 13 проценти помалку, од оние кои не пиеле вода. На двете групи им било дозволено да јадат колку сакаат.

За да видат дали ова ќе придонесе кон губење на тежина, научниците создале диета на која подложиле 40 екстремно дебели луѓе. На учесниците, сите на возраст помеѓу 55 и 75 години, им биле кажано да јадат оброци кои не содржат повеќе од 1500 калории на ден. На едната половина, им било кажано да пијат половина литар вода пред секој оброк. Другите не добиле никакви упатства за пиење вода.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Дванаесет недели подоцна, оние кои пиеле вода пред оброците загубиле во просек 7 килограми, за разлика од другата група која загубила во просек по 4,5 килограми. Тоа е околу 44 проценти подобар резултат само поради пиењето вода.

Овој експеримент немал ист ефект кај помлади луѓе. Но, водата може да помогне во слабеењето и кај помладите луѓе, само на поинаков начин. Според една едногодишна студија, на пример, помладите луѓе кои држеле диета и пиеле повеќе од еден литар вода дневно загубиле малку повеќе тежина од оние кои пиеле помалку вода. Некои истражување наведуваат дека конзумпцијата на вода може да поттике подигање на телесната температура, што би го забрзало метаболизмот и би согорило повеќе калории. Друга теорија вели дека со пиењето вода се намалува количината на испиени високо калорични пијалоци кои содржат многу шеќер. Во секој случај, покрај сите други благодети што ги носи пиењето најмалку 2 литри вода дневно, сега веќе знаеме дека таа им е непријател на килограмите. [Drinking Water Proven to Help Weight Loss]

- Реклама -