Пијалаци кои ќе ви помогнат да ослабете

За здрав изглед и витко тело не е важно само што јадете туку и што пиете. Ако правилно ги користите, следниве пијалаци ќе ви помогнат во битката со килограмите…

Вода

Водата е одлична кога е во прашање слабеењето. Редовната хидратација му помага на телото да се ослободи од непотребните материи, а чаша вода пред јадење го намалува апетитот и помага при слабеење.

Кафе

Кафето е одличен детоксикант на организамот кој му дава свежина и здравје. Доколку се користи најмногу двапати дневно, може да ви помогне во борбата со килограмите.

Зелен чај

Зелениот чај е познат како пијалак за за слабеење. Тој ја зголемува оксидацијата на мастите и помага во детоксикација на организамот. Речиси сите чаеви имаат улога во процесот на слабеење, но се чини дека зелениот чај е меѓу најмоќните.

Прочитајте и:  „Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

Црвено вино

Црвеното вино е одлично во борбата против кардио-васкуларните болести, штити од стареење и се бори против холестеролот. Ова вино е одлично за слабеење доколку се користи редовно во мали, ограничени дози бидејќи предизвикува подобро варење на храната но и согорува калории преку процесот на термогенеза.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -