Пијалок со боженствен статус: направено е пиво по рецепт на Старите Египќани

Пивото било многу важно за работниците во Египет, како на пример оние кои ги граделе пирамидите во Гиза и им се обезбедувале скоро 5 литри пиво на ден.

Три жени пронашле инспирација во фараоните од Стариот Египет и направиле пиво користејќи рецепт стар 5.000 години.

Таша Маркс која е историчарка за храна, Михаела Чарлс пиварка и експерт за пиво Сузан Бојл поминале шест месеци во изработката на овој специјален напиток.

Со помош на британскиот музеј, триото користело антички садови и собирале методологија за точно да ги преработат египетските методи на варење.

Маркс објаснила дека античките Египќани произведувале и консумирале огромни количини пиво

-„ Пивото било толку важно што дури се третирало како еден вид храна. Се пиело секојдневно и во големи количини на верски свечености и на забави. Иако тоа се давало на работниците и понатаму имало боженствен статус. Битејќи пивото се поврзувало со неколку богови и божици.“- истакна таа.

Чарлс ја користела техниката на Нинкаси која е египетска божица на пивото, како еден вид водич во изработката на пивото. Старата техника била многу едноставна за разлика од денешните методи за изработка на пиво.

– „ Во египетските галерии на Британскиот музеј можете да видите модели ископани од гробниците на кои се прикажани древни фигури на изработувачи на пиво, како ја цедат кашата низ крпа во керамички садови. Оваа визуелна трага не доведе и нас да ја уптребиме двостепената каша (мешавина од трици и врела вода), која потоа ја оставивме да ферментира во сад во кој што се наоѓаше квасец. Предноста на двостепената каша е нејзината едноставност“ – изјави Чарлс.

Древниот египетски процес користеле зрно во ладна вода и одделно во врела вода, што се комбинира за ферментација.

„Во модерното варење, целото зрно се преработува во една мешавина во многу тесен температурен прозорец“, додаде Маркс.

Користеле ќерамички садови како би можеле да ги имитираат старите теркотски садови од Старото кралство. Им биле потребни два дена за течноста да ферментира, а пиварите успеале да направат две серии.

Едната серија без додатоци, а другиот со ф’стаци, ливчиња од роза, ким, коријандер и сусам – состојки до  кои древните Египќани имале пристап.

Пивото не може да се купи засега, но тимот планира нови проекти.

-„ Во блиска иднина сигурно ќе можеме да го пробаме ова пиво“- заклучиле тие.

 

 

- Реклама -