Во „Јавна соба“ вечерва во 21 часот концерт ќе одржи „Пијан Славеј“. Бранислав Николов од групата „Фолтин“, ќе настапи заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски, во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона. Инстинктивно го осовременуваат стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
Групата е формирана кон крајот на 2021 година. Првиот настап го имаат на скопскиот “OFFest”, а наредната година, „Скопскиот џез фестивал” го издава нивното прво и истоимено ЕП. Понатаму настапуваат на “D-festival” и на фестивалот “Druga Godba” во Љубљана, Словенија.
Песни кои се потпираат на оригиналноста и шармот на неговите стихови (од кои „Парфем“, „Крв да ни се стори“, „Сонце“ веќе солидно се извртеа на социјалните мрежи), но уште повеќе со енергијата која се чини само нему му е својствена, а нам на навивачите и тоа како позната. Притоа, возен од неговите придружници инспиративно слезе до срцевината на македонската поп сцена од седумдесеттите, си дозволи наново да им се обрати на значајните претставници на шансоната во глобални рамки” – Љупчо Јолевски, критичар.
World Music Saturday е мотото на фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во „Јавна соба. Влезницата чини 400 денари.