Пике го критикуваше раководството на Барселона поради заминувањето на Меси

Фудбалерот на Барселона – Жерар Пике, го критикуваше раководството на клубот по заминувањето на Аргентинецот Лионел Меси.

„Во последниве години, менаџментот на тимот дозволи некои работи што не смееше да се случат. Еве не се успеа ниту во целта да се задржи Меси. И претходно имаше промашувања во трансферите. Од друга страна, ние фудбалерите бевме казнувани, но носиме дрес на Барселона и должни сме да се бориме за клубот“, изјави Пике.

На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот Меси. Фудбалерот го напушти клубот поради финансиски проблеми на Каталонците.

Вчера Меси одржа проштална прес-конференција на „Камп Ноу“, на којашто не можеше да ги задржи солзите.

Се шпекулира дека Меси се договорил за соработка Пари Сен-Жермен.

МИА

- Реклама -