И пилотите некогаш влегуваат „преку гепек“ (ВИДЕО)

Пилот фатен на камера како се прекачува во кокпитот преку прозор… Видеото стана популарно откако неодамна беше објавено од пилот на Бритиш Ервејс под псевдоним „Jonny the Pilot“, со зборовите: „Она кога доцниш на работа, а си ги заборавил клучевите…“.

Случката наводно е снимена на аеродромот Хитроу, пилотот е неидентификуван, а истото видео на YouTube е објавено уште во 2016-та. И покрај тоа, дел од корисниците останаа запрепастени и се прашуваат што всушност прави пилотот и зошто потреба од вакво прекачување.

Други не ја сфатија шегата, па коментираа дека големите патнички авиони немаат клучеви. На прашањето на Твитер корисник дали ова е честа пракса, друг му одговори дека единствена ситуација кога ова би било потребно би била кога блиндираната врата е заклучена, а на пилотот не му текнува кодот за да ја отклучи.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Друг корисник објаснува дека помалите авиони имаат клучеви, но не сите. Дури и кај тие што имаат, клучевите се само за вратата. Штом влезете внатре, тешко дека ќе ви треба клуч за да го запалите моторот.

- Реклама -