Бразилски рибар пронашол пингвин кој бил во критична состојба, тој целиот бил прекриен со нафта. Рибарот го исчистил и го наранил пигвинот очекувајќи дека кога ќе оздрави ќе си замнине. Но, пингвинот останал со него 11 месеци. Потоа едноставно исчезнал, но од тогаш пингвинот секоја година препливува по 8.000 километри само да го посети својот спасител.
Рибарот го спасил пингвинот во 2011 година. Тој го добива името Диндим. Ова чудно и несекојдневно пријателство веќе трае неколку години. Диндим никогаш не го заборавил својот спасител.
И научниците се изнедадени од овој чин. Затоа што пингивиот препливува толкаво растојание само за да го посети својот пријател.
Ова е навистина неверојатно и несекојдневно пријателство.