Пирс Броснан ќе снима филм во Црна Гора и Србија

Пирс Броснан, познатиот Џејмс Бонд, овој и наредниот месец ќе го снима неговиот најнов филм „The November man“ во Црна Гора и Србија.

Холивудскиот актер, како што неофицијално дознава „Блиц“, на 22 април со филмската екипа ќе го почне снимањето во Црна Гора. Веќе се договорени локациите, а по тоа екипата се сели во Србија каде ќе се снима во Белград и веројатно во Нови Сад.

Филмот „The November man“ ќе го режира Роџер Доналдсон, а главниот противник на Броснан ќе го глуми Доминик Купер.

Броснан и претходно престојуваше во Белград, во 1986 година за снимањето на филмот и серијата „Пат околу светот за 80 дена“.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

Моментно во Белград престојува холивудскиот актер Кевин Костнер кој во српската престолнина го снима филмот „Three days to Kill“.

332411_kevin-kostner-foto-masanori-josida10_f

- Реклама -