Писториус: Прекинот на двата оптички комуникациски кабли под Балтичкото Море е саботажа

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека прекинот на двата оптички комуникациски кабли под Балтичкото Море е резултат на саботажа.

– Никој не верува дека овие кабли се исечени случајно, рече Писториус во Брисел, додавајќи дека се чини дека станува збор за саботажа, иако засега нема докази.

Пресечен е кабелот за пренос на податоци под Балтичкото Море, меѓу Финска и Германија, а се истражува причината за прекинот, соопштија вчера финските власти.

Прочитајте и:  Борел: Се надевам дека ЕУ членките ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
- Реклама -