Педесет и петгодишниот актер Питер Капалди ќе биде 12. доктор во научно фантастичната серија на BBC.
Шкотскиот актер Питер Капалди е наследникот на Мет Смит во серијата „Doctor Who“. Капалди рекол дека е многу возбуден поради тоа што ќе се најде во улогата која пред него ја играл 30-годишниот Смит.
Тој се прослави со улогата на Малколм Такер во „The Thick of It“.
Серијата „Doctor Who“, која првпат е прикажана во 1963 година, зборува за доктор кој патува низ времето. Дебито на Капалди во серијата ќе биде прикажано на Божиќ.