Пица со четири видови на сирење

Доколку во ладилникот имате повеќе видови на сирење (или планирате да набавите), ова е идеален рецепт за вас.

Состојки за тесто:

300 гр. брашно

3 лажици маслиново масло

2 лажици сув квасец

малку сол

малку шеќер

млака вода по потреба

Прелив

сос од домат

2 зденки сирење

малку крем сир

листови сирење (за сендвич)

рендана моцарела

сирење со додаток од лута пиперка

оригано

Подготовка

Замесете малку поцврсто тесто. Намачкајте еден сад со зејтин и во него ставете го тестото, почекајте да порасне. Кога ќе порасне, растегнете го во мрсна тепсија. Премачкајте го со сокот од домот, нанесете ја сецканата зденка и парчињата крем сирење. Сето тоа прекријте го со листовите сирење и пресипете ја ренданата моцарела. На крајот додадете го сирењето со лута пиперка и оригано.

Печете на  400 F- 200 C додека пицата на биде готова, односно додека не се растопи сирењето и започне да добива боја. Доколку не сакате да ги вкусите сите овие видови, преливот може да биде по ваша желба.

- Реклама -