Трејлер: Planet of Snail

Planet of Snail е документарен филм што веќе почна да ги освојува срцата на гледачите ширум светот, а во него се прикажува животното патување на една целосно необична двојка.

Младиот Ченг е истакнат поет што повеќе не може да гледа, ни да слуша. Тој комуницира со својата жена со помош на единствена техника наменета за слепи и глуви лица, со која тие ги искажуваат зборовите со пишување од дланка на дланка.

Тие се целосно зависни еден од друг, што дури и наједноставната домашна задача бара комплексен напор од двајцата. На тој начин секојдневните активности што за повеќето луѓе се обични чекори на кои не се посветува соодветно внимание, за нив стануваат нежни и незаборавни искуства.

Planet of Snail е хипнотизирачки портрет на животот на, навидум една поинаква планета, каде комуникацијата се одвива само со допир, а љубовта е најголемата сила позната на човекот.

Филмот го режираше Сенг Јун Ји, главните улоги ги толкуваат Јунг Ченг и Сон Хо, а премиерата во американските киносали е закажана за 25 јули.

{vimeo}44062040{/vimeo}

- Реклама -