Планетата земја во овој момент

Повеќе... Добродојдовте во сегашноста! Интернет провајдерот Sprint во склоп со промоцијата на своите сервиси ја направи оваа одлична веб страница на која се наоѓаат глобалните трендови на планетaта земја и нејзините жители.


Добродојдовте во сегашноста! Интернет провајдерот Sprint во склоп со
промоцијата на своите сервиси ја направи оваа одлична веб страница на
која се наоѓаат глобалните трендови на планетaта земја и нејзините
жители.

2837.jpg

Дознајте кои авионски летови се во тек, колку шолји за кафе се произведуваат во моментов или кои се најпопуларните термини на Google. Можете и само да ја проверите популарноста на некои термини на интернет, да го притиснете црвеното копче кое не служи за ништо или да учествувате во светскиот тренд на расположението. Моментално, расположението е „Не баш добро“, ако ве интересира. Тука се и приказите во живо на камерите околу светот, новите вести и еден куп други статистики. Всушност, погледнете сами. Доколку сте параноични и во сè гледате некаква светска завера можеби е подобро да ја прескокнете оваа веб страница.

- Реклама -