Платен долгот за струја на битолските училишта

Општина Битола ги плати сметките за струја во 10 битолски училишта, кои пред 2 месеца беа исклучени од снабдувачката мрежа.

Наследените долгови во училиштата од Битола изнесуваат над 45 милиони евра. За да може школската година непречено да започне, биле подмирени долгови за струја во висина од 8 милиони денари.

Градоначалничката Наташа Петрова вели дека со ова не се решени сите проблеми во училиштата и дека е евидентна долгогодишната негрижа.

Исто така, се обновува и хоризонталната сообраќајна сигнализација, односно се пребојуваат пешачките премини во близина на училиштата.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство
- Реклама -