Пленковиќ најави дека претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември

Актуелен хрватски претседател е Зоран Милановиќ, кој ја победи Колинда Грабар-Китаровиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, одржани во 2020 година

Претседателските избори во Хрватска да се одржат на 29 декември годинава. Ова денеска го најави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по одржувањето на седницата на претседателството на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), посочувајќи дека овој предлог ќе го достави до Собранието, пренесува хрватски Н1.

Андреј Пленковиќ, хрватски премиер / Фото: Принтскрин

„Хрватската влада ќе донесе одлука за распишување на избори в четврток, а изборите ќе се одржат на 29 декември годинава, в недела“,

рече тој.

Посочи дека останал на зборот дека изборите нема да се одржат на Божиќ или на Свети Стефан.

Од независноста на Република Хрватска претседателски избори се одржани седум пати.

Актуелен хрватски претседател е Зоран Милановиќ, кој ја победи Колинда Грабар-Китаровиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, одржани во 2020 година.

- Реклама -