Додека траат летните денови убаво е да внесувате што повеќе зеленчук, но и да експериментирате со здрави вкусови.
Денеска ќе ве научиме како да подготвите плескавица од компири. Брзо, едноставно и многу вкусно…
Состојки:
500 г. компири
млад кромид
250 г. презла
2 јајца
лажица путер
суви билни зачини по вкус
сол
бибер
Подготовка:
Излупениот компир се вари, па се прави пире со путер и се остава да се олади.
Кромидот кратко се динста и се промешува со пирето од компир.
Во смесата се додаваат јајца презла и зачин, па се формираат мали плескавици кои малку се тркалаат во брашно и се оставаат во фрижидер да отстојат 30 минути.
Пржете ги на врел зејтин додека не заруменат.
Служете ги со сос од домат и сезонски зеленчук.