ПМФЛ: Шкендија, Струга и Брера го отворија првенството со победи


Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, Струга со победа ја отвори сезоната и со гол во финишот го совлада Тиквеш, Шкендија беше сигурна против Беса, Шкупи се спасуваше од пораз против Воска.

Во неделата започна овата сезона во Првата македонска фудбалска лига шампион Струга одбраната на титулата ја почна со минимална победа од 1:0. Струга до трите бода стигна во 89. минута, Компаоре погоди за славје во пресметката против Тиквеш.

Шкендија беше сигурна на гостувањето кај Беса и славеше со 1:3, додека Шкупи се спасуваше од пораз против Воска и со два гола во финишот обезбеди реми од 3:3.

Работнички со 1:0 го совлада Силекс, а Пелистер одигра 1:1 против Гостивар.

Брера Струмица, исто така, со сигурна победа ја започна новата сезона, со победа над Вардар од 3:1 на домашен терен. Струмичани заслужено се радуваа на три бода на стадионот „Благој Истатов“ и ја забележаа петтата домашна победа по ред над најтрофејниот клуб. Уште во втората минута Брера го отвори резултатот со голот на Ивковиќ, а Вардар по половина час израмни на 1:1 преку Закариќ. Ивковиќ постигна уште еден гол, а конечните 3:1 ги постави Нигериецот, Олаосебикан.

Второто полувреме помина целосно во знакот на Брера која создаде неколку прилики и Вардар можеше да прими уште некој гол повеќе.

.

- Реклама -