По 22 години откриена е тајната на најпопуларната филмска сцена

Познатата актерка Шерон Стоун за прв пат по 22 години проговорила за познатата сцена од филмот „Basic instinct“, кој од неа направи планетарно популарна ѕвезда.
„Бев обична американска актерка кога стигнав на филмскиот фестивал во Кан, а си отидов од таму како светска ѕвезда“, признава Стоун.

Во интервјуто за француски весник, 56-годишната актерка тврди дека не знаела дека таа сцена на испитување во полициската станица ќе стане толку еротска.

„Режисерот ме зафркна. Ме замоли да ги соблечам белите гаќи бидејќи наводно се приметувале во снимката, но вети дека ништо нема да се види. Само неколку недели подоцна, ми го покажа готовиот филм кој требаше да се прикаже во Кан. Кога ја видов таа сцена, се чувствував измамена. Станав и му удрив шамар“, изјавила актерката.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

„Тоа ме шокираше. Да бев на местото на режисерот, секако дека би ја задржала таа сцена, но требаше да ме предупреди. Тоа е знак на непочитување“, додала Стоун и признала дека токму тој филм ја променил нејзината кариера.

- Реклама -