По експлицитните фотографии кои испливаа, Јон Фрчкоски си даде оставка

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ го прашаа Јон Фрчкоски дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?

-Со голема шокираност ја примивме информацијата која се појави на социјалните мрежи каде што се гледа дека функционерот и директорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, користи бели наркотични супстанци. Не знаеме дали e навистина тоа, но поради јавниот интерес граѓаните заслужуваат одговори, истакна денес пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.