Светската ѕвезда, која шест дена престојуваше во Србија, по Белград отпатува за Тара, а потоа и на Златибор, каде остана една ноќ.
29-годишната пејачка со своите асистенти и обезбедување изнајмила седум луксузни апартмани во еден хотел во Златибор, а дека воздухот и атмосферата во најубавата планина во Србија и се допаѓа, сведочат и фотографиите кои ги објавува „Blic“, сликани во текот на прошетката со Тејлор.
Вчера, Лејди Гага се вратила во Белград, и од аеродромот „Никола Тесла“ заминала за Лондон.