По повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, авторот на „За македонцките работи“, книгоиздателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Окружението на Мисирков“ од универзитетскиот професор Димитар Пандев, автор на редица значајни книги од областа на македонистиката, особено од областа на општата лингвистика и историја на македонскиот јазик, како што се во најново време „Историски портрет на македонскиот литературен јазик“ и „Писателот во функција на јазикот“ (во издание на „Панили“ и „Матица македонска“) во кои меѓу другото им посветува соодветно место и на дејноста на Крсте Мисирков.