Финската влада ги затвори сите гранични премини кон Русија на крајот на 2023 година, откако за три месеци повеќе од 1 300 мигранти од трети земји влегоа во земјата без соодветна документација или визи, само неколку месеци откако таа стана членка на НАТО
Норвешката влада размислува да изгради ограда долж границата со Русија, по примерот на Финска, со цел да ја подобри безбедносната ситуација во земјата, пишуваат норвешките медиуми, а пренесува Асошиејтед прес (АП).
Оградата треба да помогне да се намали протокот на бегалци од Русија во Норвешка.
Норвешката министерка за правда Емили Енгер Мел смета дека со изградба на оградата може да се подобри безбедностана ситуација, откако неодамна е објавено дека поради можни закани земјата воведува мерки за безбедност на границата во источниот округ Финмарк, каде што се дели границата со Русија.
„Разгледуваме мерки за зајакнување на безбедноста во северниот дел на Артикот, како што е поставување на ограда, но и зголување на надзорот со зголемување на бројот на граничниот персонал“,
вели таа.
Според неа, доколку безбедностаната ситуација во регионот на Артикот се влоши, Норвешка е подготвена да ја затвори границата на краток рок.
Иако, како што вели министерката, поставувањето ограда е скап процес, сепак, неопходна е и проценка на релевантноста на ваквата инвестиција.
Копнената граница меѓу Норвешка и Русија е долга 200 километри.
Финската влада ги затвори сите гранични премини кон Русија на крајот на 2023 година, откако за три месеци повеќе од 1 300 мигранти од трети земји влегоа во земјата без соодветна документација или визи, само неколку месеци откако таа стана членка на НАТО.
Граничниот премин „Сторски“ е единствениот официјален премин од Русија кон Норвешка. Опкружен е со ограда долга 200 метри и висока 3,5 метри, подигната уште во 2016 година, откако претходната година околу 5 000 мигранти и баратели на азил преминаа од Русија во Норвешка.
Норвешка не е дел од Европската Унија, но е членка на НАТО и е во Шенген зоната.