Претседателот на Левица – Димитар Апасиев, најави иницирање на голема реформа на банкарскиот сектор, преку она што од Левица го нарекуваат АНТИЛИХВАРСКО ЗАКОНОДАВСТВО.
Тригерот, односно поводот за оваа иницијатива, ќе биде, како што вели Апасиев, „подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка“ и „тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и Министерката за финансии“.
Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари, најави Апасиев.
„Веќе од следната недела ќе се консултирам со еминентни професори од економските факултети ширум Македонија за да ставиме крај на оваа правна несигурност која илјадници сограѓани, преку ноќ, ги доведува на раб на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал. Вака веќе не може!“, напиша тој на Фејсбук, презентирајќи ги мерките од таканареченото Антилихварско законодавство:
Освен иницијативата за реформи во банкарскиот сектор, Апасиев најави и дека ќе бара да му биде доделена канцеларија во Собранието:
„Уште денес ќе одам во Собранието на Република Македонија и ќе барам да ми биде доделена канцеларија, бидејќи чим СДС си толкува дека ‘парламентот е конституиран’, тогаш по закон се должни да ни обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаме у ходници како некои кираџии“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.