Како што соопштија од семејството на починатиот драмски великан Горан Стефановски, тој за свое вечно почивалиште го избрал Охридското Езеро. Според желбата на Стефановски, неговото тело ќе биде кремирано, а во пригодна прилика неговата пепел ќе биде расфрлана по Охридското Езеро.
Кремацијата ќе биде извршена на 5 декември во 9:20 часот во крематориумот Barham во англискиот град Кентербери, каде Стефановски ги помина последните две децениии од животот.
По кратко боледување, Стефановски почина на возраст од 66 години.