Победа над ПМС!

Нервоза, мигрена, голем апетит и надуеност на стомакот во предменструалната фаза, е кошмарот со кој што еднаш во месецот се соочуваат голем број жени.

Лекарите меѓутоа, велат дека ПМС лудилото, може да биде минато за жените, односно ако во тој период внесуваат голема количина на калциум.

Студијата на една болница во Њујорк покажала дека дневната количнина изнесува 1.200 милиграми калциум, а може да ги намали непријатните симптоми и до 54 проценти.

Оваа количина е содржана во три големи чашо млеко, а калциумот може да се внесе и како додаток во исхраната, особено ако не конзумирате млеко и млечни производи. Веганите, кои што не го користат млекото во исхраната, можат да обезбедат калциум преку конзумирање на зеленчук – брокула, спанаќ, блитва.

Прочитајте и:  Дали сакате да го намалите внесот на кофеин? Обидете се со овие мали промени
- Реклама -