„Победивме“ со 27-27

deko-manaskov-srbij-615x400
Сликата е преземена од ekipa.mk

Македонската репрезентација одигра нерешено против репрезентацијата на Србија, 27-27. Натпреварот беше исцрпувачки и неизвесен, буквално до последната секунда. Првото полувреме заврши со резултат 13-13, што беше знак дека натпреварот ќе биде тензичен до крајот. Двете максимални водства од по два разлика во текот на натпреварот ги имаа и двете репрезентации.

Второто полувреме се одвиваше со уште поголема тензија. Ниту Србија, ниту Македонија, не успеа да се одвои со два гола.

Кулминацијата се случи, буквално во последните секунди.

Најпрвин Стоилов израмни на 26-26, па Србите имаа напад за 1 позитива во последните 30 секунди од натпреварот со играч помалку.

Се чинеше дека Македонија прими гол намерно, со цел да си ја решава сама својата судбина, на 10 секунди до крајот.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Кога сè се чинеше невозможно, Обрван викна тајм аут, Стоилов облече маркер и како фурија, тргнавме со 7 играчи од половина терен за да ја продолжиме нашата зацртана мисија во Полска.

Лазаров и Миркуловски подготвија перфектна акција за Манасков кој во последната секунда од натпреварот ни донесе огромна среќа.

- Реклама -