Кои се победниците на конкурсот за рускиот претседателски автомобил?

Русин и Холанѓанец ја освоија првата награда од вкупно 120 трудови кои беа селективно избрани од страна на специјалното жири.

Рускиот производител на спортски автомобили Marussia Motors заедно со Истражувачкиот институт на Русија и интернет-страницата Cardesign.ru ги прогласија победниците на конкурсот „Автомобил за претседателот“. Како што е познато учесниците требаше да создадат дизајн на автомобил наменет за првиот човек на државата.

337_zil-470-1

Првата награда ја освои заедничкиот проект на Русинот, Јарослав Јаковлев и Холанѓанецот, Бернад Веел. Второто место е за двајца руски млади дизајнери – Иван Волков и Јуриј Баскаев, а третото за Марсел Себастијан од Унгарија. Победниците на конкурсот добија награда од 150.000 рубљи (4.533 долари), второпласираните 75.000 рубљи (2.267 долари) и 50.000 рубљи (1.511 долари) се наменети за третиот.

Прочитајте и:  Цветиновата награда за мир доделена на СОС Детско село

890_zil-470-2

Според условите на конкурсот, учесниците требаше да понудат 3 модели – претседателска лимузина, теренец и ван. Дизајнот требаше да следи една од трите концепти – аналог на модели на Mercedes-Benz, Bentley или Rolls-Royce, современа верзија на стари руски изведби – ЗиЛ, Чајка или Руссо-Балта. За натпреварот беа селектирани 120 трудови – 40 од професионални дизајнери и 80 на аматери. Ова е дел од проектот „Конвојот“, кој треба да создаде автомобили за власта во Русија. За добивање на државната нарачка се борат неколку компании.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -