Почесниот конзул во Барселона ќе биде отповикан

Владата на Република Македонија на владина седница одлучи дека ќе биде отповикан Марио Деус, почесниот конзул во Барселона.

По предлог на МНР, на седницата беше разгледувано разрешувањето на Марио Деус, почесен конзул на Македонија во кралството Шпанија, кој пред неколку месеци беше уапсен под сомнение за убиство на неговите тригодишни деца близнаци.

Почесниот конзул не е политички функционер, туку е стоматолог и раководител на сопствен бизнис, а на оваа позиција е назначен во декември 2012 година.

Против него е поведена кривична постапка и со тоа е спречен да ја извршува функцијата во македонскиот конзулат во Барселона.

- Реклама -